18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, објави ДИК.

Од вкупно 8.856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20:30 часот своето право на глас го оствариле вкупно 7935 гласачи.

Од вкупно 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, од нив своето право на глас до 18:30 часот го оствариле 1400 гласачи

Во установите за вонсемејна грижа, до 18:30 од 442 лица сместени во овие установи гласале 297 гласачи.

Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности.

– ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните и немоќните лица, затворите и домовите за стари лица, не се објавуваат денес посебно. Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвараат денес.

Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре после 19Ч00 часот, за секое избирачко место и секоја општина, соопшти ДИК.

Можеби ќе ве интересира

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК

(ВИДЕО) Вербален инцидент во Кочани: Родители на загинатите во пожарот во „Пулс“ се соочија со поранешниот градоначалник додека седеше во кафеана

ДЕСК