16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Управниот одбор на Стопанската Комора на работна средба со агенција за иновациии, научно-технолошки развој и претприемништво- Инова

На 14.10.2025 година на покана на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, Управниот одбор на Комората реализираше работна средба со новата Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, со цел да се слушнат реалните потреби од бизнис заедницата за остварување на заедничката цел, раст на економијата и бизнисите во државата.
На средбата, директорката на Агенција ИНОВА, Даниела Димовска го истакна значењето на заедничката соработка за да им се помогне на компаниите во нивниот раст и развој преку нови технологии и иновации. Беа претставени подготвителните активности за почеток на работата на ИНОВА од следната година. Ирена Гергиевска, советник во Инова презентираше дел од определбите кои преку креирање на програми за поддршка би биле предмет на Програмата која е во фаза на подготовка.

Претседателот Бранко Азески ја нагласи потребата за вистинска, реална и континуирана меѓусебна соработка на двете институции, како неминовен процес кој само на таков начин ќе има реални и мерливи ефекти врз економијата во целина, посебно нагласувајќи ја целта која е заедничка водилка на двете институции, а може да се постигне, ако се промени пристапот во делувањето на Комората и на ИНОВА.
Се разменија идеи за меѓусебна соработка и се разговараше за проектите што може да се понудат и би биле дел во програмата за следната година, имајќи предвид дека Програмата е во фаза на подготовка.

Од средбата се усогласија заклучоци и активности на кои двете институција во иднина партнерски ќе се залагаат и ќе работат: брзо консолидирање и спроведување на потребните административни процедури за воспоставување на услови за почеток на работните активности на ИНОВА; промена на пристапот во заедничкото делување, преку континуирана соработка и размена на информации од двете институции; се назначи член на Управниот одбор на Комората, кој ќе биде задолжен за контиунуирано известување и размена на информации за активностите на поддршка на компаниите преку програмите на ИНОВА; потребата за поголем буџет како државна помош, но во функција со стратешките цели за економски раст, потребата од транспарентност на процесот и мерливи ефекти од пласираните средства за носење на одржливи одлуки и решенија во иднина.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Димитриеска-Кочоска во Вашингтон: Светската банка останува силен партнер во спроведувањето на реформите и забрзувањето на економскиот раст

ДЕСК

КУПУВАЈТЕ ДОДЕКА Е БАГАТЕЛА: Шнолите, играчките и гаџетите од “Тему” и “Али експрес” ќе се даночат со 18 отсто најверојатно по изборите

ДЕСК

Модернизација и регионално поврзување на платните системи помеѓу земјите од Западен Балкан поддржани од Банката на Италија и Европската централна банка

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.