Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царинска управа: Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622.492 денари.

Станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022 година до мај 2023 година, за кои осомничените – шпедиции и лиценцирани застапници, во договор со увозникот, стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки.

Делото е откриено при контроли извршени од страна на инспектори од Одделението за контрола на трговски друштва, по што случајот е предаден на Одделението за истраги од каде против сторителите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а воедно донесени и се решенија за дополнителна наплата.

Царинската управа ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +