Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска – 15 октомври 2025 година, среда, во 16:30 часот ќе ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен.
Фон дер Лајен во Скопје ќе пристигне од Приштина, што е последната етапа од нејзината турнеја низ Западниот Балкан по посетата на Тирана, Тиват, Сараево и Белград.
Брисел претходно најави дека претседателката на ЕК ја реализира посетата на регионот за да ја повтори својата поддршка за европската интеграција на Западен Балкан и постепеното пристапување на регионот кон единствениот пазар на ЕУ.