Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Потсетување за завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.

Со завршувањето на летното сметање на времето, во 03:00 часот наутро стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

Во согласност со Одлуката:

• Летното сметање на времето во 2025 година започна на 30 март во 02:00 часот, кога времето беше поместено еден час нанапред.
• Завршувањето на летното сметање ќе се изврши на 26 октомври во 03:00 часот, со поместување еден час наназад.
Одлуката е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК