Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода државјанин на Босна и Херцеговина, платил патарина со фалсификувана банкнота од 10 евра

Како што соопшти полицијата вчера во 16:50 часот на патарина „Петровец“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода М.А.(28) од Босна и Херцеговина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 268 од Кривичниот законик. Имено, тој на патарината поминал со товарно возило со босански национални ознаки и притоа платил со банкнота од 10 евра за која вработениот се посомневал дека е фалсификувана.

Од МВР соопштијад ека банкнотата е одземена за понатамошна постапка.

– Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од полицијата.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК