15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Кусакатска: Митески нека одговори, каде се ветените 100.000 квадратни метри ново зеленило во Аеродром?

Изјава за медиуми, Марина Кусакатска, кандидатка за советник во Советот на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата:

Пред само четири години ВМРО-ДПМНЕ, со Дејан Митески и Тимчо Муцунски, ветуваа дека Аеродром ќе добие 100.000 квадратни метри ново зеленило и нови паркови. Денес, по четири години, нема ниту еден нов парк.

Наместо зелен Аеродром, гледаме пожолтени тревници, неискосени површини, урната урбана опрема и расфрлано ѓубре.

Паркот „Радост“ во Реонски центар – наместо да го завршат уште во првата година – четири години подоцна сè уште не е готов.

Парк кај касарната „Гоце Делчев“ – ветен, но нема ни проект.

Нов парк во Ново Лисиче со содржини за сите возрасти – само празно ветување.

„Паметен систем за наводнување“ – не можат да ги поправат ни старите прскалки.

Паркот „Авионче“ требаше да стане мал луна парк – останува запуштен простор со паркирани возила на тревниците.

Нови паркови за миленици во секој дел од Аеродром – ниту еден не е изграден.

Митески и Муцунски не само што не подигнаа нови паркови, туку ги оставија да пропаднат и оние што беа подигнати претходно.

Аеродром, некогаш најзелената општина во Скопје, денес е симбол на запуштеност и ѓубре на секој чекор.

Затоа прашуваме:
Со кое лице Дејан Митески ќе бара втор мандат од граѓаните?
Имаат ли Митески, Муцунски барем трошка срам за она што го направија – или подобро речено, не го направија?

Почитувани граѓани,

Време е да ја вратиме општината во рацете на луѓе што работат.

Аеродром заслужува вистински паркови, чист воздух и уредени јавни простори.

Заедно со Вас граѓаните ќе се избориме за Аеродром, ќе се избориме за нашиот дом!

Скопје, 15 октомври 2025

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

ДЕСК

Герасимовски: Поддржуваме над 50 граѓански организации, и во следниот мандат граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата

ДЕСК

Отворена нова канцеларија за управни работи на МВР во Општина Шуто Оризари

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.