Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Избран нов претседател на УСС УКИМ за мандат 2025/2026

Вчера, на 14.10.2025 година, со почеток во 17:30 часот, во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, се одржа втората седница на Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ), на која беше спроведен изборот за нов претседател на Универзитетското студентско собрание.

За претседателка на УСС УКИМ е избрана Ангела Василевска, студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), трета година на студискиот смер Примена на информациски технологии.

Мандатот на новоизбраната претседателка, заедно со мандатот на новиот состав на делегати, официјално започнува на 1 ноември 2025 година.
Упатуваме искрени честитки до претседателката и до новиот состав, со желби за успешно реализирање на програмата која најавува бројни можности и активности во интерес на студентите на УКИМ.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК