16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Пораката на Венецијанската комисија е јасна, реформи за независно судство

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа вечерва во Маврово и Ростуше, нагласи дека денешната порака на Венецијанската комисија е јасна- потребни се итни реформи за независно судство.

„Денеска стигна известувањето од Венецијанската комисија и јасно укажуваат дека се потребни реформи во правосудниот систем. Како никогаш до сега, пред неколку месеци, се обидов да ја променам политичката култура и бев на состанок кај премиерот. Една од работите за коишто разговарав беше заеднички да работиме на реформистката агенда, да ги донесеме сите реформски закони во правосудството, за да се придвижи тој сегмент напред, да се придвижиме кон Европа така како што сите очекуваат од нас, така како што нашите граѓани сакаат тука да видат“, рече Филипче.

Во обраќањето пред присустните тој посочи дека и покрај сите обиди на СДСМ за реформи во судството, власта не прифати ниту една забелешка.

„И покрај тоа што формиравме наш експертски тим, нашите забелешки за реформските закони, никој не ги зема предвид. Одговор од Министерството за правда, до сега немаме. Ниту еден од 12 закони кои се дел од реформската агенда, не само што не се донесени во Собрание, тие до ден денес не се ни поднесени“, рече Филипче.

Затоа, како што кажа Филипче овој изборен циклус е важен и историски, циклус од кој зависи иднината на државата и на граѓаните.

„Овој изборен циклус ќе биде сериозен знак за оваа власт, ќе испратиме силна порака дека се некадарни, дека се незаинтересирани, дека немаат капацитет. И затоа, мораме масовно да излеземе на гласање во недела. Секој еден од нас, од нашите семејства, нашите пријатели, да го заокружиме бројот пет, тука во Маврово Ростуше, во целата држава. Не може една мала група на луѓе да ја држи во заложништво оваа држава, не може да се поигруваат со судбината на сите граѓани. Ова е прогресивна држава, прогресивен народ кој сака реформи, кој сака можности, кој сака напред во Европа“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Гостивар: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

ДЕСК

Левица: Уставен суд не бил надлежен за уставноста – Левица оди во Стразбур за цензурата!

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.