Centar.mk
БИЗНИС

Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности потпишаа Меморандум за соработка

Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредена размена на податоците и информации од заемен интерес, во функција на подобрување на аналитичките и институционалните активности на двете институции.

Меморандумот, кој го потпишаа гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, претставува основа за систематска и безбедна размена на информации, пред сѐ од Регистарот на цени и закупнини што го води Катастарот како дел од Геодетско-катастарскиот информациски систем.

Преку оваа соработка, Народната банка ќе ги збогати анализите на ризиците од пазарот на недвижности како важен сегмент во рамки на нејзините активности за придонесување кон постигнување и одржување на финансиската стабилност.

Овој документ е одраз на заемната определба на Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности за интензивирање на меѓуинституционалната соработка, базирана на принципите на професионалност, транспарентност и ефикасност, во насока на унапредување на квалитетот на податоците и политиките од јавен интерес.

Можеби ќе ве интересира

НОВА КУРСНА ЛИСТА – По колку се менуваат еврото, доларот и швајцарскиот франк на 29 ноември?

ДЕСК

БУЏЕТОТ ЗА 2027 ПРЕД НОВИ АМАНДМАНИ – Од разгледани 19 опозициски предлози прифатен еден

ДЕСК

ЕНЕРГЕТИКАТА ВО ФОКУСОТ ПРЕД ЗИМАТА – Мицкоски на работен состанок во РЕК Битола

ДЕСК