Куманово како во воена зона, среде бел ден пукање во центарот на градот.
Како што соопштија надлежните едно лице е повредено, откако од возило во движење марка голф бил отворен оган.
Според информациите се работи за кандидат за советник од ДУИ.
Инцидентот е во 13:54 часот во СВР Куманово. Според полицијата две лица од возило во движење пукале кон автомобил марка „Фолксваген Голф“, управуван од З. Ш. (43) од селото Слупчане, општина Липково. Од пукањето повредениот се здобил со повреди и најпрво бил пренесен во клиниките во Скопје.
Од ДУИ стигна остра осуда за инцидентот
– Загрижени сме од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на листата во Општина Липково, кој беше застрелан од маскирани лица и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска нега, велат од ДУИ.
Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство и бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да реагираат – со целосна транспарентност и решителност – за да ги идентификуваат, уапсат и изведат пред лицето на правдата сторителите на овој атентат.
Им упатуваме апел на сите наши поддржувачи, симпатизери и граѓани воопшто да останат смирени, да не подлегнуваат на провокации и да ја покажат зрелоста што отсекогаш ја карактеризира нашето движење.
Во знак на солидарност со повредениот и за да ја нагласиме сериозноста на настанот, нашата партија одлучи да ги прекине сите денешни активности, a институциите да преземат конкретни чекори за враќање на јавната доверба и безбедноста на теренот, се вели во соопштението на ДУИ.