Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Платите на хигиеничарите речиси двојно ги зголемивме, набавуваме и нова механизација за чист Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со вработените од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, задолжени за одржување на хигиената, со кои разговараше за условите во кои работат и идните планови за унапредување на нивната работа.

„На секаков можен начин се трудиме да покажеме почит кон овие луѓе кои ја вршат најтешката, но и најважната работа во општината и градот. Речиси двојно ги зголемивме платите на хигиеничарите изминативе години, повеќе од половината кои беа непријавени веќе се со регулиран работен однос, а наскоро и останатите ќе бидат пријавени,“ рече Герасимовски.

Во програмата се планира набавка на нова механизација и опрема која ќе им ја олесни работата на хигиеничарите, ќе ја зголеми ефикасноста и ќе овозможи побрзо и поквалитетно чистење на улиците и јавните површини.

,,Со дополнителната механизација која предвидуваме да ја набавиме, 2 цистерни и 5 метларки, чистењето ќе биде поефикасно, но и полесно. Со овие машини и 120 хигиеничари, повеке од сигурен сум сме дека Центар никогаш повеке нема да зависи од други институции. Бевме во агонија цели 4 години со нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ и нема да дозволам тоа да се повтори, порача Герасимовски .

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Не продадовме ниту еден метар квадратен државно земјиште, донесовме ДУП-ови со повеќе зеленило и помалку градби

ДЕСК

Филипче: Граѓаните се свесни дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не испорачува

ДЕСК

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат, тврди Филипче

ДЕСК