Centar.mk
фото Centar.mk
-БИЗНИС

Пензионерите се офајдија со покачување од 1000 денари на пензиите, но се незадоволни од ценовните шокови

Со најновото усогласување, пензиите во Македонија пораснаа за дополнителни 1000 денари. Надлежните институции ја претставија мерката како значаен чекор кон подобрување на стандардот на повозрасните граѓани, но реакциите на терен се далеку посложени.

Иако зголемувањето носи моментно олеснување, голем дел од пензионерите изразуваат незадоволство, велејќи дека реалниот ефект е минимален поради континуираното рипање на цените на основните производи. „Што ни се тие 1000 денари, кога лебот, маслото и лековите поскапуваат секој месец?“ – велат загрижени граѓани.

Според експертите најранливите категории и натаму остануваат во ризик од сиромаштија. Тие бараат пообемни мерки – замрзнување на цените на дел од артиклите или субвенции за сметките за струја и парно, особено во пресрет на зимската сезона.

Владата, пак, уверува дека покачувањето е дел од поширок пакет мерки за справување со инфлацијата, но признава дека ценовниот притисок е сериозен предизвик. Економските експерти предупредуваат дека ако растот на цените продолжи со исто темпо, секое зголемување на пензиите ќе биде „изедено“ уште пред да стигне до џебовите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК

Скопјанец заврши на клиника со тешки повреди, откако среде бел ден бил претепан од едно лице

ДЕСК