Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СТУДОТ ЌЕ ТРАЕ УШТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА, А ПОТОА ПРЕСВРТ – Синоптичарите со нова детална прогноза

Утре изутрина ќе биде студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени, а преку денот ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност.

Во текот на ноќта и во првите два дена од следната седмица ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Од понеделник до среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината.

Пораст на дневната температура се очекува од четврток.

Прогноза за 06.10.2025
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 07.10.2025
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 7°C до 15°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 08.10.2025
Минимална температура: 4°C до109°C
Максимална температура: 9°C до 17°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК