Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Министерката Сања Божиновска на средба со новото раководство на Рудник „САСА

Соопштение на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

 

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Гавин Ферар, главен извршен директор на Централ Азија Металс (CAML) – британска компанија во чии состав е рудникот САСА од Македонска Каменица, како и со Џејмс Караматич, новоименуван генерален директор на Рудникот „САСА“.

Главна тема на средбата беа условите за работа, безбедноста на вработените и идните планови за развој на компанијата во согласност со националната стратегија за одржливо рударство.

Министерката Божиновска ги информираше соговорниците за новиот Закон за енергетика и за законските решенија кои се однесуваат на рударството, со акцент на:

  • воведувањето на построги стандарди за заштита на животната средина,
  • зголемување на транспарентноста во работењето на компаниите,
  • поголема контрола врз безбедноста и здравјето при работа,
  • како и обврската за инклузивен дијалог со локалната заедница.

„Нашата цел е да обезбедиме јасни правила на игра за компаниите и највисоко ниво на заштита на граѓаните и животната средина. Рударството треба да се развива на одржлив начин, кој ќе обезбеди и економски раст и сигурност за работниците,“ истакна министерката Божиновска.

Од своја страна, претставниците на компанијата ја поздравија законската иницијатива и изразија подготвеност за целосно усогласување со новите стандарди Тие нагласија дека, како дел од стратегијата за одржлив развој,  во изминатите седум години во „САСА“ веќе е вложенo во современа рударската опрема, дигитализација, обука и професионален развој на вработените, воведување на најсовремени технологии и стандарди во производството и заштитата на животната средина, како и во подобрување на условите за работа и безбедноста, која е највисок приоритет.  

Тие изразија подготвеност за поддршка на институционалниот дијалог кој треба да овозможи натамошен одржлив развој на рударскиот сектор во земјата, според најдобри практики и стандарди за одговорно рударство.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК

Герасимовски: Исчистен сметот во Капиштец, се чисти во сите населби

ДЕСК

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе учествува на Mинистерскиот самит на Европската комисија во Подгорица – 20/10/2025

ДЕСК