Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново

По неколкучасовно гаснење со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако сѐ уште може да се забележи чадење од неколку места, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Пожарот избувна синоќа, а според првичните информации е подметнат. Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи.

Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата.

Поради насоката на струењето на воздухот, смрдеата од пожарот во оваа депонија се чувствуваше во делови од Скопје./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: За ВМРО членството во НАТО е предавничка политика

C +

Попладнево трагедија ја потресе Македонија – Во сообраќајка кај Мирковци загина едно лице

ДЕСК

Важна вест вечерва пристигна од Министерството за надворешни работи до граѓаните кои се заглавени во Емиратите

ДЕСК