Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Марјан Даскаловски е вистинскиот избор за Струмица, човек со енергија, визија и посветеност кон граѓаните

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче при денешните средби со граѓани во Струмица и струмичкиот регион, порача дека кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Струмица, Марјан Даскаловски е вистинскиот избор за оваа општина.

„Имаме одличен кандидат, Маријан Даскаловски, докажан човек со своите активности, било кои функции да ги извршува секогаш достапен, секогаш отворен, секогаш подготвен да помогне на луѓето“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека Даскаловски е докажан кадар, со енергија и визија за развој на општината, чија што програма содржи проекти кои се од интерес на граѓаните.

„Даскаловски е човек со своја визија за дополнителен и натамошен развој на Струмица, човек којшто има огромна енергија и желба да го продолжи развојот на Струмица и Струмица да остане бастионот на демократијата во државата“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК