Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

Дополнителни 3 денари за откуп на грозјето е спас за лозарите, вели во видео порака лозарот Душко Милев, што ја упатува до пратениците. Тој ги повикува сите политички партии за поддршка на предлогот на пратеникот Венко Филипче, претседател на СДСМ, за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето од годинешната реколта.

„Јас сум цел живот лозар и знам што значи маката со откупот на грозјето како што имаме оваа година. Законот предложен од господинот Венко Филипче во Собрание за 3 денара по килограм, поддршка од државата и укинување на 8% за исплата во готово, се спас за нас и спас за оваа реколта. Ние лозарите не бараме много, бараме малко за да се заработиме честно корката леб“, порачува Милев.

Затоа, истакнува тој, „ги повикувам сите партеници од сите политички партии за поддршка на оваа решение. Да нема делби и еднаш сите заедно да направат нешто за лозарите“.

Извор: Рацин.мк

 

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК