Centar.mk
фото илустрација/ Centar.mk
ЛОКАЛНО

ЈСП: За Голема Богородица ќе се работи по неделен возен ред, а од први септември почнува делничен зимски возен ред

ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на ден 28.08.2025 година (четврток), ќе се работи по неделен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.

На ден 28.08.2025 година (четврток), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
– Транспортен центар; и
– Зелен пазар.

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Воедно, Ве информираме дека од понеделник (01.09.2025 год), согласно со Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, јавниот превоз ќе функционира по делничен зимски возен ред.

Можеби ќе ве интересира

Панел дискусија за поддршката на семејството – Кој стои зад оние што се грижат за децата

ДЕСК

Герасимовски: Отворена „Лига Центар“, доделени 53 спортски стипендии за најдобрите млади спортисти

ДЕСК

Герасимовски: Реконструираме улици низ Центар, создаваме побезбедни услови за пешаците и велосипедистите

ДЕСК