Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Скопје, се гледаме вечерва на бесплатен концерт на Јанг Дади во Паркот на Франкофонија

Во „Паркот на Франкофонија“, вечерва ќе се одржи бесплатен концерт на еден од најпопуларните македонски млади изведувачи Јанг Дади. Програмата започнува во 19 часот со настапот на малите херои Стела и Сани, а од 20 часот, сцената му припаѓа на познатиот изведувач Јанг Дади.

Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите скопјани заедно со нивните најблиски, пријатели да дојдат и да уживаат во добра македонска музика.

„Ве поканувам на една незаборавна вечер исполнета со одлична музика, насмевки и позитивна енергија. Паркот на Франкофонијата вечерва ќе биде центарот на дружењето и летното уживање. Сакаме да подариме моменти за паметење на нашите сограѓани и затоа ви подготвивме програма која носи младешка енергија и урбан звук. Ве чекам вечер, во 19 часот“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Настанот е дел од проектот „На одмор сум, во Центар сум“ кој продолжува да го претвора летото во Центар во вистинско место на спорт и рекреација, за забава и култура.

„На одмор сум, во Центар сум“ е во организација на Паблишер и Општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

Утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

ДЕСК

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради атлетска трка

ДЕСК

Младински центар Карпош – пример за регионална соработка

ДЕСК