Centar.mk
фото МВР
-МАКЕДОНИЈА

Апсења во Скопје, Штип, Струмица и други локации – МВР со детали

СВР Штип поднесе кривична пријава против лице(35) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 19.08.2025 во Штип, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три автоматски пушки со калибар 7,62мм, седум рамки и 190 куршуми со ист калибар.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против лице(68) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 04.03.2025 на пат кон с.Добрејци, струмичко, полициски службеници извршиле преглед над едно женско лице, при што бил пронајден и одземен кокаин кој го набавила од пријавениот.

На 25/26.08.2025 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(24), лице(25), лице(37) и лице(38), сите од Скопје, лице(31) од с.Батинци, скопско, лице(25) од с.Визбегово, скопско, А.А.(50) од Куманово и А.Ц.(35) од Република Турција, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК