Соопштение на СДСМ:
Во очи на локалните избори, премиерот Христијан Мицкоски отворено најавува суспендирање на Уставот и волјата на граѓаните.
Неговата изјава за поставување „владини повереници“ претставува директен напад врз уставниот поредок и граѓанската волја.
Ова не е ништо друго освен дрзок обид за узурпација на власта, суспендирање на законите, изборниот процес и заобиколување на граѓанската волја.
Како тоа Мицкоски планира да ја суспендира Државната изборна комисија (ДИК) и да ги преземе нејзините законски надлежности?
ДИК е единствениот надлежен орган за спроведување на изборите, а изборите веќе се распишани и се одвиваат според Изборниот законик.
Ако Мицкоски сака преку своите „повереници“ да спроведува политики без волјата на граѓаните треба да знае дека тоа нема му го дозволат граѓаните.
Тезата за „збунувачки“ ливчиња поради независни кандидати е апсурдна. И на минатите локални избори имаше голем број на независни кандидати и листи во општините па не беше никаква пречка.
Зошто сега му пречи демократската слобода на граѓаните да се кандидираат и да го дадат својот глас?
Зад најавите за „неуспешни“ избори јасно е дека се крие паниката поради сериозениот пад на довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ.
Во Македонија мора да има слободни, фер и демократски избори на кои граѓаните јасно ќе ја изразат својата волја!
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...