13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Преку Филков, Мицкоски пушти пробен балон

Ексминистерот за надворешни работи и кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, реагира на изјавите поврзани со Бадентеровото мнозинство оценувајќи дека тие се дел од стратегијата за демонтирање на Охридскиот рамовен договор.

Османи смета дека премиерот намерно им дозволува на министрите да даваат изјави како пробен балон, со цел да ја нормализира темата во јавноста, а потоа излегува со негирања. Тој оцени дека молкот на коалициската партија „Влен“ е шокантен и дека тоа ја потврдува нивната блискост со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека ваквите изјави се во спротивност со извршната наредба на американскиот претседател, според која доведувањето во прашање на Охридскиот договор е против американските интереси.

Министерот за правда Игор Филков претходно изјави дека Бадентеровото мнозинство се злоупотребува, па можеби е дојдено време да се ревидира. По изјавата, Мицкоски коментира дека Бадентеровото мнозинство е дел од Охридскиот рамковен договор, а тој е дел од Уставот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +