22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Старата чаршија ќе стане вистински културен и економски центар на Скопје

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, директорите на Националниот конзерваторски центар и на Музејот на Северна Македонија, како и претставници на еснафот, денеска претстави еден значаен проект, кој претставува голем чекор за оживување на Старата скопска чаршија.

„Почнуваме со чистење и уредување на подземниот паркинг на Музејот на Македонија со капацитет за 60 возила и надворешниот простор за уште 60 други. За 10 дена, овој паркинг ќе биде функционален и во служба на посетителите, еснафот и вработените во институциите овде. Ова е само првата точка од една поголема визија за трансформација на Чаршијата“, изјави Меџити.

Меџити потенцира дека проектот за Чаршијата не завршува само со отворањето на паркингот кај Музејот, туку опфаќа и други конкретни мерки, како поставување подземни контејнери за поефикасно управување со отпадот, целосна реконструкција на калдрмата на улиците Самарџиска, Ковачка, Петар Михов, Сарачка и делумно Папуџиска, како и поставување подземни кабли заедно со замена на оштетената мрежа на цевките.

„Старата чаршија ќе биде подостапна, почиста и поатрактивна за туристите, граѓаните и за бизнисите. Таа ќе стане жив културен, економски и туристички центар, каде што историјата ќе се почитува, но воедно ќе коегзистира со модерноста. Тоа била и останува мојата визија за Чаир“, изјави Меџити./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Додека бил на преглед му се слошило и починал во градска – наредена обдукција

ДЕСК

Исчезна пензионерка до Скопје, полицијата во потрага

ДЕСК

Скопјанка на возраст од 20 години агресивно се однесувала кон полицајци во 3 по полноќ, веднаш е приведена

ДЕСК