Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Четврток е неработен – а веќе следниот месец имаме и продолжен викенд: Ова се сите неработни денови до крајот на 2025

Следниот неработен ден доаѓа 28 август 2025 и се паѓа во четврток, кој важи за православните верници, поради празникот Успение на Пресвета Богородица.

За сите граѓани на РСМ: Ден на Републиката, 8 септември (понеделник), Ден на независноста, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК