Centar.mk
ЛОКАЛНО

Машинско залевање на пукнатините на коловозните површини на градските сообраќајници

По налог на Град Скопје екипи на ЈП”Улици и патишта”Скопје деновиве активно вршат залевање на пукнатините во асфалтната површина на булеварот Партизнаски Одреди. Залевањето на пукнатини претставува санациона мерка со која се спречува навлегување на вода, нечистотии и замрзнување во коловозната конструкција, со цел продолжување на нејзиниот работен век. на пукнатини претставува санациона мерка со која се спречува навлегување на вода, нечистотии и замрзнување во коловозната конструкција, со цел продолжување на нејзиниот работен век.

Со оваа постапка се обезбедува водоотпорно, еластично и трајно затварање на пукнатините со ширина од 3 до 25 mm, што значително ја намалува можноста за понатамошно оштетување на коловозот.

Екипите изминатиот период машински ги залеваа пукнатините на коловозните површини на улица”Френклин Рузвелт” и на булеварот”Христијан Тодоровски Карпош”, а ќе продолжат и во наредниот период да ги санираат сите коловозни површини на градските улици и булевари, каде што има пукнатини во асфалтот.

Можеби ќе ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК

ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ: Авионска дезинсекција на 1 и 2 јуни

ДЕСК