5. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Реконструкцијата на ,,11 Октомври“ е во полн ек, учениците почнуваат со настава во подобри услови

Општина Центар ја реализира реконструкцијата на Основното општинско училиште „11 Октомври“ во населбата Пролет, како дел од континуираните заложби за унапредување на условите во сите училишни објекти на територијата на општината.

Градоначалникот Горан Герасимовски изврши увид на терен и лично се информираше за текот на работите и динамиката на реализација на градежните зафати.

„Летниот период го користиме за подобрување на условите во училиштата во Центар. Оваа недела неуморно се работи на реконструкцијата на ООУ ‘11 Октомври’, со цел учениците да започнат со настава во подобри, поквалитетни услови. Секоја реконструкција е инвестиција во иднината, a здравата, чиста и функционална училишна средина е предуслов за квалитетно образование и личен развој. Нашата цел останува иста, а тоа е сите деца во Центар да учат во модерни и безбедни услови, без исклучок“, изјави Герасимовски.

Во рамки на реконструкцијата се врши целосна замена на подовите во три кабинети и пет училници, додека во дополнителни три училници се изведуваат активности за стругање и лакирање на подовите. Паралелно се спроведуваат гипсарски работи, а предвидено е и молерисување на целиот училишен објект.

Оваа реконструкција претставува продолжение на веќе реализираните инвестиции во ООУ „11 Октомври“. Досега беше темелно обновена училишната трпезарија со површина од 165 квадратни метри, реновирана е фискултурната сала, како и санитарните јазли во објектот.

Можеби ќе ве интересира

Забрчанец: За промени потребна е решителност и посветеност, а не децении како што Мицкоски кампањира во ТВ спотовите

C +

Каја Шукова: Време е јавниот превоз во Скопје да стане решение, а не проблем

C +

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

C +