Centar.mk
ЛОКАЛНО

Во Скопје се пие безбедна вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.08.2025 до 15.08.2025 зема 222 примероци за физичко-хемиска и 222 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Можеби ќе ве интересира

СКОПЈЕ ГИ ПОВИКУВА НАЈМЛАДИТЕ – Новогодишните желби ќе се собираат од утре

ДЕСК

Зголемен возниот парк на комуналното претпријатие во Општина Илинден

ДЕСК

Одржана 26 седница на Заедничкиот консултативен комитет – силни општини за европски квалитет на живот

ДЕСК