Centar.mk
ЛОКАЛНО

Терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 19.08.2025 година (вторник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми и против ларви од комарци.

Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19.08.2025 година (вторник) до 22.08.2025 година (петок), од 22 до 03 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените денови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ – Објавени улиците за планираните прекини

ДЕСК

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција.

ДЕСК

Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

ДЕСК