Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Пожарот во ловиштето Јасен на едно место ни избегна од контрола иако цело утро истуравме тони и тони вода“, рече Ангелов.

Во прилог на видеото, директорот посочи дека повторно во еден дел може да се забележи силно разгорување, преку патот каде што преминал огнот.

Дополнителен проблем е и ветрот кој за сето време засилено дува.

Премиерот, Христијан Мицкоски, претходно денес соопшти дека пожарот најверојатно, според сведочењата на очевидците, бил разгорен по удар од гром./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +