Centar.mk
ЛОКАЛНО

Скопјани пијат безбедна вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.08.2025 до 08.08.2025 зема 215 примероци за физичко-хемиска и 215 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Можеби ќе ве интересира

КХС: Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14.000 тони комунален отпад

ДЕСК

БЕЗ ВОДА ОД 09:00 ЧАСОТ – Прекин за дел од улицата „Коце Металец“

ДЕСК

ТРИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ДЕНЕСКА – Проверете ги термините за Маџари и Мралино

ДЕСК