Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Долно Дупени е ставен под контрола, во Јасен се уште гори и се гаси со два хеликоптери, а доаѓаат и ертракторите

Пожарот во атарот на с. Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и Национални Шуми, е ставен под целосна контрола. Екипите патролираат а по потреба и дејствуваат за да се спречи негово реактивирање.

Пожарот на територијата на ловиштето Јасен е сеуште активен. Екипи на Јасен и Национални Шуми се излезени на терен но поради непристапност на теренот не се во можност да дејствуваат. Утрово дејствуваа два полициски хеликоптери но поради силниот ветар ефектот беше намален.

Кон пожарот се упатија два ер трактори на ДЗС.

Превентивно се упатуваат и три пинцгауери на ДЗС како и 25 припадници на МВР.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

C +