Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Внимавајте на оваа измама од која настрадаа многу ПЕНЗИОНЕРИ: Жена остана без 20.000 евра, а добила телефонски повик со лоши вести за нејзината ќерка – откако ги дала парите, сфатила дека била измамена

На 07.08.2025 во 21:00 часот во СВР Тетово, 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана.

Како што е пријавено, ги зела парите и со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала парите на женско лице.

Откако се вратиле во домот во Тетово, ќерката била таму, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да му пренесе на Радев, без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има

ДЕСК