Centar.mk
фото скриншот/Влада
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво заради служба на партиските интереси на СДС и ДУИ

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Коцевски продолжува да ја игнорира јавноста и да молчи и покрај фактот што довербата на јавноста во правосудството е помала од 2 проценти а во Собранието му е изгласана интерпелација.

На Коцевски фотелјата му е поважна од угледот.Коцевски нема ниту срам, ниту одговорност, ниту барем обид за достоинствено повлекување.

Поважна му е политичката елита на СДС и ДУИ, и тие да се задоволни и да остане што подолго на функцијата за да ги штити.На Коцевски функцијата му е поважна од принципите, а партиската лојалност поважна од правдата.

СДС со негласањето на интерпелацијата јасно ја покажа сопствената агенда и зошто обвинителот е избран токму во Струмица и Мала Речица.

Коцевски и покрај се останува на функцијата за да ги штити партиските функционери на СДС и ДУИ од одговорност пред правдата и покрај сите изнесени сомнежи за криминал и корупција во изминатиот период.

Со што се задолжи Коцевски кај Заев и Филипче и од што му е страв што се уште не поднесува оставка?

Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво во служба на партиските интереси на СДС и ДУИ.

Време е за одговорност и владеење на правото и правдата во државата.

Можеби ќе ве интересира

11.000 ПОЛИЦИСКИ СЕМЕЈСТВА БЕА ВО НЕИЗВЕСНОСТ – МВР соопшти дека здравственото осигурување е повторно обезбедено

ДЕСК

БРИСЕЛ СО ОСТРА ПОРАКА ДО МАКЕДОНИЈА – „Блокадата не е во ЕУ, туку во самата земја“, порача директорот за проширување

ДЕСК

ИАКО ВРЕМЕТО Е ТОПЛО, ОБВРСКАТА ВЕЌЕ ВАЖИ – Еве каква зимска опрема мора да имаат возачите за да избегнат казни

ДЕСК