Centar.mk
фото илустрација/центар.мк
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за убиството во Штип: Познат идентитетот

На 08.08.2025 во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип. Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ КОН ГРЦИЈА – Посебен режим на автопатот Гевгелија – Богородица, еве како се одвива сообраќајот

ДЕСК

11.000 ПОЛИЦИСКИ СЕМЕЈСТВА БЕА ВО НЕИЗВЕСНОСТ – МВР соопшти дека здравственото осигурување е повторно обезбедено

ДЕСК

БРИСЕЛ СО ОСТРА ПОРАКА ДО МАКЕДОНИЈА – „Блокадата не е во ЕУ, туку во самата земја“, порача директорот за проширување

ДЕСК