Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Авион веднаш по полетувањето од скопскиот аеродром се судрил со јато птици по што се вратил и безбедно слетал

Патнички авион „Ербас А320-232“ на авиокомпанијата Wizz Air во средата попладне, непосредно по полетувањето кон Базел околу 18 часот, се вратил и безбедно слетал на Меѓународниот аеродром Скопје, откако налетал на јато птици.

Според првичните информации од воздухопловните власти, најверојатно удар со поголема птица предизвикал вибрации на еден од моторите поради искривени перки. Иако двата мотора продолжиле да работат нормално, капетанот – следејќи ги безбедносните протоколи – решил од претпазливост да го врати авионот назад во Скопје.

Не била прогласена вонредна состојба, а патниците мирно и без паника го напуштиле леталото.

Инаку во целиот свет не се реткост ваквите случаи кога авион има контакт со јато птици и најчесто тоа минува без посериозни последици.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +