8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Политико“: Хакиран американскиот судски систем, компромитирани доверливи податоци

Електронскиот систем за поднесување судски предмети на федералното судство на САД беше цел на голем кибер напад, за кој се сомнева дека довел до компромитирање на доверливи податоци во неколку федерални држави, пренесува „Политико од извори запознаени со инцидентот.

Нападот, кој досега не беше објавен, би можел да го загрози идентитетот на доверливи сведоци и соработници во кривични постапки пред неколку федерални судови, според истите извори, кои зборуваа под услов на анонимност, пишува медиумот.

Според нив, Канцеларијата за управување со судовите на САД (AOUSC) прво го утврди обемот на безбедносниот инцидент на почетокот на јули, но сè уште се обидува да го утврди целосниот обем на штетата во соработка со Министерството за правда и локалните судови./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Украина останува без гас? – Алармантни податоци

ДЕСК

Договорено примирје: Тајланд и Камбоџа постигнаа договор за решавање на граничните тензии

C +

Планирале државен удар во Германија: под истрага неколку лица

C +