Centar.mk
БИЗНИС

Не запира растот на инфлацијата и трошоците на живот: За една година производите на мало се покачени за 5.3 проценти, а инфлацијата во споредба на јули со јуни е цели 1,1%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, изнесува 1.1 %, информира Државниот завод за статистика. Ова значи дека сите цени скокнале за 1,1 процент за само еден месец.

Повисоката инфлација во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 9.9 %, Рекреација и култура за 2.1 %, Ресторани и хотели за 1.2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 %, Здравје, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 % и Облека и обувки, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Разновидни стоки и услуги и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, изнесува 103.1.

Индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи зголемување од 4.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.3 %.

Главни поенти
Во јули 2025 година во однос на јуни 2025 година:
Стапката на инфлација е 1.1 %
Во групата Транспорт е 9.9 %

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +