Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 8 до 13 август, 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39°C.

По тој повод, потсетуваме за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури:

• Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
• Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.
• Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи.
• Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.
• Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури.
• Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.
• Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.
• Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.

Министерството внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите.

Можеби ќе ве интересира

Европско истражување: 80% од македонските граѓани не би го сменале политичкото убедување за пари

ДЕСК

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК