Centar.mk
фото МВР
-МАКЕДОНИЈА

Во Тетово лишен од слобода возач од Швајцарија, управувал возило скоро двојно побрзо од дозволеното

На 05.08.2025 во 11.35 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода lice (37) од Швајцарија.
При сообраќајна и контрола со радар, било констатирано дека тој управувал возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е ограничена со знак од 80 километри на час надвор од населено место.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК