Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вчера претрес во Кисела Вода запленет кокаин

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје продолжувајќи со оперативните активности за откривање и сузбивање на недозволена трговија со дрога вчеравечер (05.08.) околу 22:30 часот, а по претходно добиена Судска наредба за претрес, извршија претрес во дом во скопската населба Кисела Вода во кој што престојува лице (20) од Скопје.

При претресот откриени и запленети се најлонски кеси со бела прашкаста материја, односно кокаин со различна грамажа, една дигитална вага со остатоци од прашкастата материја, парични средства (во денари и евра) а затекнато друго лице. (22) од Скопје кај кого е пронајдена кесичка со бела прашкаста материја, односно кокаин.
Севкупната количина на дрога откриена при овој претрес изнесува околу 22 грами или според вредоста на нарко-пазарот околу 2.200 евра, така што заедно со претресот што ЕНТ при СВР Скопје го изврши вчераутро, за што МВР веќе ја информираше јавноста, вчера беа откриени и заплененти околу 122 грами кокаин.

Инаку, по консултации и наредба на надлежен ЈО од ОЈО скопје двете лица се лишени од слобода и приведени во ПСОН Кисела Вода за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК