Centar.mk
илустрација / ai generated for centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

НЕВРЕМЕТО ДОБИВА НА ИНТЕНЗИТЕТ ВЕЧЕРВА И УТРЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес и утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.

Прогноза за 06.08.2025
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 35°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 07.08.2025
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 28°C до 36°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 08.08.2025
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

СКАНДАЛ СО ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ – Осуммина уапсени, до 4.000 пациенти наводно оштетени, сомнежи за милионски злоупотреби

ДЕСК

Осумнаесетгодишник пријавил напад со тврд предмет во казино во Кисела Вода

ДЕСК

Вработена во средно училиште во Карпош пријавила дека била нападната од малолетник

ДЕСК