Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МНР дури денеска се огласи за несреќата по која почина бизнисменот Душко Чифлиганец

Додека медиумите со часови чекаа официјални информации, МНР дури денес, и тоа доцна попладнево, се огласи за несреќата во која настрада македонскиот познат бизнисмен Душко Чифлиганец.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до Амбасадата на Република Северна Македонија во Прага, Чешка, била доставена информација за тешка сообраќајна незгода со мотор, управуван од лицето Д.Ч., државјанин на Република Северна Македонија, кој во несреќата се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница на лекување. По добиената информација, Амбасадата веднаш стапила во контакт со семејството.

На 3 август, од страна на фамилијата на лицето Д.Ч., Амбасадата била информирана дека тој им подлегнал на повредите.

Дипломатско-конзуларното претставништво во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот, со цел завршување на формалните постапки и организирање на пренесување на телото во Република Северна Македонија, велат од МНР.

Можеби ќе ве интересира

ОПШТИНИТЕ ПОТРОШИЛЕ 356 МИЛИОНИ ЕВРА НА ТЕНДЕРИ – Рекордни јавни набавки

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Дождови во сабота и недела, пообилни врнежи во понеделник – детална прогноза за следните денови

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ОСТАНУВА НА ПРЕДМЕТОТ ПРОТИВ СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ – Нови детали по изборот

ДЕСК