9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

Фејсбук статус на пратеникот Оливер Спасовски:

Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово. Таквото однесување нема место во општество кое се гради врз вредности на соживот, меѓусебна почит и единство.

Куманово отсекогаш било симбол на различност и соживот, и такво ќе остане. Национализмот, омразата и поделбите не смеат да бидат алатка во ничии раце, особено не во чувствителни времиња како пред избори. Ваквите појави не само што ги навредуваат поединци и заедници, туку го поткопуваат мирот, соживотот и вредностите на заедничко живеење кои ги негуваме со години.

Апелирам до сите граѓани да не подлегнуваат на провокации. Вистинска сила е во обединување, не во делби. Навивањето за свој клуб не смее да биде изговор за ширење омраза.

Ќе продолжам доследно да се залагам за општество во кое сите граѓани се еднакви, почитувани и слободни – без разлика на нивната етничка, верска или културна припадност.

Куманово имало и ќе има соживот. Тоа е нашиот пат. Тоа е нашата сила.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

ДЕСК

Какво ќе биде времето? – Метеоролозите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.