Соопштение на СДСМ:
СДСМ најостро го осудува националистичкиот говор и навредите изнесени за време на кошаркарскиот натпревар во Куманово на кој присуствуваше и премиерот и владините претставници. Говорот на омраза и навредите кон било која етничка заедница еобид да се создадат поделби меѓу граѓаните.
Таквото однесување има за цел да го поткопа соживотот и мирот во државата но и му наштетува на спортот. СДСМ апелира до сите граѓани да останат разумни, да не подлегнуваат на провокации и на насилен национализам кој намерно се активира секогаш кога се приближуваат избори. Не е првпат да гледаме како одредени структури ја разгоруваат омразата со една цел, да ги поделат граѓаните и да ја пренасочат дебатата од реалните проблеми.
Очекуваме иста ваква осуда од премиерот и владините претставници кои биле сведоци на настанот.
СДСМ ќе продолжи да се бори против сите форми на говор на омраза, без разлика од кого доаѓа. Нашата борба е за праведно, мирно и достоинствено општество во кое сите граѓани, без разлика на етничка, верска или друга припадност, ќе имаат еднакви можности и почит.
Вистински патриотизам е кога го почитуваш сограѓанинот и кога навиваш за својот клуб без да навредуваш други.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...