Centar.mk
фото ДУИ
-МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Политичка одговорност за скандалот во Куманово – Астрит Исени и Сафие Садики Шаини да поднесат оставка!

Соопштение на ДУИ:

Демократската унија за интеграција, по вчерашниот скандалозен настан со антиалбански навивачки повици на кошаркарскиот натпревар во Куманово, потенцира дека молкот и отсуството на институционална реакција не можат да поминат без конкретна политичка одговорност.

Во таа насока, бараме:
• Непосредна оставка од Астрит Исени, заменик министер за внатрешни работи, и
• Оставка од Сафие Садики Шаини, заменик министерка за спорт,

поради нивниот неуспех да реагираат, да го заштитат јавниот интерес и да адресираат еден тежок инцидент кој директно ја загрозува меѓуетничкиот соживот и достоинството на албанските граѓани.

Истовремено, бараме сите албански претставници во Владата кои извршуваат клучни извршни функции, јавно да се дистанцираат од овој неприфатлив акт и да ја отворат оваа тема на следната владина седница, со предлог за строги санкции кон одговорните и веднаш да се повлечат од оваа Влада која поттикнува поделби и омраза, бидејќи нè посрамија.

Извинувањето не е решение.
Извинувањето нема вредност кога истиот пристап се повторува во секој сличен случај.
Отсуството на реакција значи соучесништво.
Албанците не заслужуваат молк – тие гласаа за достојно претставување и за заштита на нивното достоинство во секоја сала, институција и влада.

ДУИ ќе биде на чело на политичката, институционалната и граѓанската реакција сè до целосна одговорност и санкционирање на овој срамен настан.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК