2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Директорот на Царинска управа: постигнавме историски успех – во јули највисока месечна наплата на приходи од 12,6 милијарди денари

„Во јули постигнавме историски успех. Остваривме највисока месечна наплата на приходи во историјата на Царинската управа – 12 милијарди и 641 милион денари или 205,54 милиони евра! По прв пат ја надминавме недостижната бројка од 12 милијарди денари. Тоа не е само бројка – тоа е пресвртница. Минатата година, во истиот месец – јули 2024 – наплатата изнесуваше 11 милијарди и 993 милиони денари, или само чекор до неа. Годинава ја надминавме, 5,4 проценти раст или 10,5 милиони евра повеќе од рекордната наплата што ја остваривме тогаш. Царинската управа постави нови, повисоки стандарди, јасни и високи цели и веќе покажува континуитет во работата“, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски на прес-конференција.

Николовски информира дека зголемената наплата се должи на зголемен обем и вредност на увозот на машини, дел од електрични машини и опрема, моторни возила, како и на зголемена количина на нафтени деривати пуштени во слободен промет. Воедно како дел од причините ја истакна зајакнатата контрола и координација со другите институции, партнерскиот однос со компаниите – учесници во царинските постапки, унапреденото управување со процедурите, но пред сè – вложениот труд на секој вработен во Царината и испорачување на тимски резултати.

„Ова е новиот систем на вредности во Царинската управа. Систем што не бара изговори, туку решенија и резултати. Одржлив систем што ќе го разобличи криминалот и ќе ја издигне економијата на државата. Ние не си поставивме цел само да бидеме подобри од претходното раководство. Поставивме цел да бидеме подобри од себе си – секој ден, секој месец, секоја година. Патот беше тежок. Потребно беше да се изградат одново темелите – разнишани од несоодветни практики и недоверба. Но, со чесност, тимска работа, дисциплина и нов систем на вредности, покажавме дека е можно да се работи поинаку. Докажавме дека Царината може да биде симбол на ред, доверба и просперитет“, потенцира директорот Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +