Centar.mk
-БИЗНИС

Загрижувачки податоци: Над 11 илјади ДДВ обврзници или не поднеле ДДВ пријави или не го платиле данокот кон државата

УЈП соопшти дека заклучно со 25 јули 2025 година евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на обврските поврзани со ДДВ.

Не се поднесени ДДВ-пријави од 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници.

Пријавен, но неплатен ДДВ-долг е евидентиран кај 1.326 месечни и 7.748 тримесечни обврзници.

„Непочитувањето на законскиот рок е сериозен прекршок. Сите обврзници кои не поднеле ДДВ-пријава и/или не го платиле ДДВ-долгот се повикуваат итно да постапат согласно законските прописи. Даночната дисциплина не е избор, туку законска обврска и одговорност на секој граѓанин и компанија — темел за функционална држава.“, изјави Директорката на Управата за јавни приходи, м – р Елена Петрова.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Дизелот поскапува за 14,5 денари

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК

Инфлацијата на годишно ниво е 2,9 отсто

ДЕСК