Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Талевски до Тошковски: Дали граничните центри се укинуваат за да се овозможи шверц на мигранти?

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, остро реагираше на предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, нарекувајќи ги директен обид за враќање на партиските „тефтерчиња“ и уривање на институционалниот интегритет.

„Тошковски го претвори министерството, а со тоа и државата, во див запад. Укинувањето на критериумите за избор на началници е обид за политичка контрола. Дали повторно одлуките се носат по списоци? Дали граничните центри се укинуваат за да се овозможи шверц на мигранти? На овие прашања чекаме одговори од Тошковски“, рече Талевски на собраниската седница.

Тој потенцираше дека Тошковски ќе остане запаметен како најкатастрофалниот министер за внатрешни работи во историјата на оваа држава. А за сето она што се случува во МВР, однесувањето, хаосот и крајната партизација, Тошковски треба да има барем малку образ, да ѝ се извини на јавноста и да си поднесе оставка од морални причини.

„Јавноста добива само бесмислени говори и театар. Ова не е сцена, ова е институција на државата. Тука сте, министре, за да одговарате пред пратениците и граѓаните, а не да бегате од одговорност“, потенцираше пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК