27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со вработување на своите ДПМНЕ ги брка најдобрите лекари – одбиен предлог законот на Левица

На собраниската седница, не беше изгласан предлог-законот на пратеничката група на Левица за дополнување на Законот за здравствената заштита, со кој се бараше задолжително вработување на прворанираниот кандидат на конкурсите во здравствените установи. Пратеникот Борислав Крмов во своето излагање укажа на правната недореченост во законот, која последните триесет години системски се злоупотребува.

„Прашањето е дали тоа можеби и не е правна недореченост или е намерно оставена таква за да биде злоупотребувана од сите политички гарнитури во последните триесет години“, рече Крмов.

Тој објасни дека постојниот закон го регулира процесот на конкурсно вработување, но на крајот му дава ексклузивно или дискреционо право на директорот сам да одлучи кого ќе прими.

„Имаме џабе конкурс, џабе услови, џабе бодување. Тој може да го стави вториот, третиот, четвртиот, петиот – кој да сака. Минимумот е тие да ги поминат базичните услови за да се најдат на листа“, предупреди Крмов.

Според него, ваквата состојба резултира со два сериозни ефекти: „Прво, го намалуваме квалитетот во здравствените установи. Наместо да нè лечат најдобрите специјалисти и доктори, ние имаме кадар со помали познавања. Второ, најспособните здравствени работници кои ги имаме во државата, практично ги бркаме.“

Сепак, пратениците од владејачкото мнозинство, предводено од ДПМНЕ, не го поддржаа предлог-законот на Левица и Законот не помина.

Можеби ќе ве интересира

Реакција од Министерството за одбрана на соопштението од политичката партија СДСМ

ДЕСК

Народот денес е побогат од времето на СДСМ, тврди ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

До петок сончево, од сабота невреме – Метеоцентар со четиридневна прогноза

ДЕСК